Петар Печков
Објавено: сабота, 14 јуни 2014
Од 1970 до 1978 година маскотите на Светските првенства во фудбал биле четири деца. Во Мексико маскота беше детето Хуанито, препознатлив по големото сомбреро на главата. По четири години во Германија маскоти беа децата Тип и Тап. Еден на дресот имаше натпис WM за Светското првенство, а другиот 1974.
Последниот човечки лик на маскотите на светските првенства беше Гаучито во Аргентина во 1978 година. Облечен во дрес на репрезентацијата на Аргентина, Гаучито имал шамија околу вратот и камшик во десната рака како вистински јужноамерикански каубоец.
Во Шпанија во 1982 година маскота беше Наранџито или портокал, типично шпанско овошје. Четири години подоцна во Мексико маскота беше лутата пиперка Пике, која носи бркови и сомбреро.
Во Италија во 1990 година се појави целосно нов пристап на маскотите. – Чао беше составен од геометриски ликови во форма на фудбалери и во боите на италијанското знаме.
Наместо глава имаше топка.
Светскиот куп во САД во 1994 година го одбележа кучето Стрикер, најчесто милениче во Америка, кое носеше маичка во боите на знамето на САД со натпис САД 94.
Франција се одлучи за маскота со петел, еден од симболите на Франција. Футикс беше во сина боја, како и француските дресови. Името е изведено од фудбал и наставката икс од популарниот стрип Астерикс.
Француските маскоти Ато (тренер), Ник (син играч) и Каз (лилаков играч) се спуштија од Атмозоната на нашата планета за да бидат официјални маскоти на СП во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Ликовите настанале со компјутерска анимација и на никого не му беше јасно што симболизираат тие.
Германците во 2006 година се одлучија за лавот Голе кој не им е типичен и топка која зборува – Пиле. Маскотата на лав предизвика многу контроверзи поради тоа што немала пантолони, како и поради фактот дека ова животно се поврзува со Англија и Холандија, а не со Германија.
Компанијата НЦИЦ која го лиценцираше Голе, прогласи стечај во мај во 2006 година.
Леопардот Закуми беше официјална маскота на СП во Јужна Африка во 2010 година.
За ова Светско првенство избрана е маскотата мравојад Фулеко. Се работи за цицач кој е загрозен бразилски ендемски вид.
Маскоти:
Англија 1966 – World Cup Willie
Мексико 1970 – Juanito
Германија 1974 – Tip in Tap
Аргентина 1978 – Gauchito
Шпанија 1982: Narajito
Мексико 1986: Pique
Италија 1990: Ciao
САД 1994: Striker
Франција 1998: Footix
Јапонија и Јужна Кореја 2002: Ato, Kaz i Nik
Германија 2006: Goleo i Pillie
Јужна Африка 2010: Zakumi
Tweet |